Десет отсто повеќе граѓани се за влез во НАТО и ЕУ под името Северна Македонија, во однос на оние кои се против, откри во вчерашното вклучување во „Топ тема“ на „Телма“  Координаторот за НАТО на Македонија, Стево Пендаровски.

„Еве ќе откријам дека според најновите анкети кои не се правени од Владата, но бидејќи немам авторизација да ги соопштам резултатите нема да кажам од кого се правени, разликата меѓу оние кои се за влез во НАТО и ЕУ под името Северна Македонија е 10 до 12 отсто повеќе од оние кои се против“ изјавил Пендаровски како што пренесува „Фокус“.

С’е уште не е утврден датумот кога би се одржал референдумот на кој граѓаните треба да се изјаснат дали го одобруваат договорот за името со Грција, но премиерот Зоран Заев како можни ги спомна 23 и 30 септември односно 7 октомври.

SHARE

Comments are closed.