За потпретседателот на СДСМ поглаварот на ИВЗ е “зло”

Муфтиите се свесни дека сите прашања и сомневања за злоупотреби што ги покренав во парламентот се вистинити. Време е да го кренете гласот кон злото и престапот, пишува питпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири поради кого премиерот Заев најави инспекции во ИВЗ и МПЦ.

Тој индиректно го обвинува поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи дека ја злоупотребува својата позиција за лично богатење и дека наплаќа пари кои не треба да ги наплаќа од хаџиите за кои ИВЗ организира патување во Мека на аџилак.

“Јас не побарав ништо друго освен одговорот на прашањата: Дали е вистина дека цената за аџилак оваа година е 4100 евра или 720 евра повеќе од минатата година? Дали е вистина дека аџиите ја плаќаат визата 500 евра за иако таа е бесплатна? Дали е вистина дека злоупотребите со визниот режим на аџилак се споменува во еден од извештаите на Стејт департментот на САД? Дали навистина ги злоупотребувате имотите на ИВЗ за вашите лични интереси? Колку професори има на кои не им се плаќаат пензиско и инвалидското осигурување? Ако Сулејман Реџепи е толку сигурен за својата милост и невиност, зошто е толку загрижен и се плаши од предупредување за контролите на финансиската полиција и на трудовиот инспекторат? Ако сте невини и искрени, зошто лично не ги повикувате овие институции да ја контролираат ИВЗ?”, го прашува Зекири поглаварот Реџепи.

Потпретседателот ма СДСМ Зекири важи за одличен познавач на состојбите во ИВЗ. Тој има завршено средно образование во медресата Иса Бег во теолошкото училиште во Кондово.