За пратениците од внатрешноста – стан под кирија и патни трошоци за викенд

Од 1 септември стапува во сила нов начин на покривање на трошоците на пратениците од внатрешноста бидејќи досегашниот ги чинеше даночните обврзници илјадници евра.

Мерките се усвоени на вчерашната седница на Комисијата за прашања на избори и именувања.

Пратениците од другите градови кои не поседуваат стан или куќа во Скопје ќе мора да одберат дали ќе патуваат секој ден на работа со автомобил, за што ќе добиваат надомест за гориво во висина од 20 отсто како и за патарини.

Втора опција е да закупат стан за што Собранието ќе издвојува најмногу до 400 евра, а трошоците за гориво и патарина ќе им бидат покриени само за викенд и за празници, пренесува МИА.

Пратеници без срам: За патни трошоци по 10.000 евра за 6 месеци

SHARE