Патните трошоци да се намалат за 20 проценти или пратениците да живеат во Скопје, под кирија додека одат на работа, се  измените за предлог-законот за пратеници кои беа донесени со едногласна одлука.

Ова се двете опции кои можат да ги изберат пратениците кои живеат во внатрешноста. Доколку тие изберат да закупат стан, тогаш ќе имаат право на надоместок за само четири патувања месечно од и до нивното место на живеење, за да може да контактираат со гласачите.

Според новите пресметки, пратениците кои месечно земаа по 1.500 евра за патни трошоци, сега ќе земаат околу 1.000 евра, пишува „Плусинфо“.

За патни трошоци на пратениците во буџетот се предвидени 1,3 милиони евра, според собраниската математика со новите измени оваа сума би се намалила за една третина односно за 400.000 евра помалку, пишува МКД.мк.

 

SHARE

Comments are closed.