Дополнителна стапка од 8 процени за доход кој надминува 90 илјади денари месечно, најави владата.

,„Ова значи дека за мнозинството граѓани даночната стапка ќе остане 10 проценти. Прагот од 90 илајди денари го избравме бидејќи ги опфаќа најдоходовните 1 проценти од вкупното население“-соопшти на денешната прес-конференција, министерот за финансии Драган Тевдовски кој објасни дека дополнителните 8 проценти би се плаќале само на дополнителни доходи над 90 илјади денари.

Министерот најави поголемо даночното ослободување на платите и пензиите, односно на делот на кој не се плаќа данок, на 8 илјади денари месечно.

Со најавените мерки Министерството очекува да се обезбедат 25 милиони евра  кои што ќе биле искористени за борба против сиромаштијата.

SHARE

Оставете Коментар