За секој втор Грк сега е време да се реши спорот за името на Македонија

Речиси половина од анкетираните Грци сметаат дека грчката Влада треба во моментов да се стреми кон решение за прашањето на името на Македонија, покажуваат резултатите од истражувањето на агенцијата Рас за грчката телевизија Екшн 24.

За 43,8 проценти учесници во анкетата условите за решавање на „скопското прашање“ поволни и Владата треба да настојува тоа да се реши сега, а 4,5 отсто ја избрале опцијата „веројатно се согласувам“. Не се согласуваат 40,7 отсто, а 3,2 отсто веројатно не се согласуваат. Одговор немаат 7,8 отсто.

Од тие што го поддржуваат итното решавање на прашањето за разликата за името на Македонија 51,9 проценти се жени, на возраст од 17 до 34 години се 60,1 отсто, на последните избори 55,2 отсто од нив гласале за владеачката СИРИЗА, а 58,9 отсто живеат во јужниот дел на Грција.

Опозициската Нова демократија во моментов има предност од 10,3 отсто во однос на СИРИЗА, а нејзиниот лидер Кирјакос Мицотакис е најпопуларен политичар во Грција и 10,7 отсто повеќе анкетирани тој е посоодветен за премиер од сегашниот Алексис Ципрас.

Истражувањето е спроведено од 29 до 31 мај телефонски и на примерок од 1.002 лица.