За Шилегов ваучер за такси од меана „Кај Вицето“

Кампањата „Ги возиме одговорните“ во која учествуваат Град Скопје, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, Авто-мото сојузот на Македонија и 30 скопски ресторани која има за цел да се спречи пијани возачи да влегуваат во автомобили, наиде на потсмев во јавноста.

Утринава, пред портите на Град Скопје, дури „никнаа“ големи ваучери наменети за градоначалникот, Петре Шилегов, на кои стои дека има 100 денари кои може да ги искористи за превоз од меаната „Кај Вицето“, до Градско собрание како крајна дестинација, пренесе „Фокус“.

Оставете Коментар