Тројца министри, одговорни за превртувањето на автобус при што 17 лица загинаа, да поднесат оставка, побара бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска.

Борисов инсистира на тоа министерот за внатрешни работи Валентин Радев, за транспорт, Ивајло Московски и регионалниот министер Николај Нанков треба да се повлечат од нивните функции.

Сите тројца по несреќата која се случи во неделата наутро изјавија дека се подготвени да сносат политичката одговорност за трагедијата.

SHARE