За тепачката со убиство во Мала Речица, 4 осудени на 4 месеци затвор

Четворица обвинети за убиството на почетокот на април во Мала Речица се осудени на четири месеци затвор. Ридван Дервиши, Лулзим Битри, Халил Камбери и Сабит Реџепи беа осудени блиску до минималната казна за делото учество во тепчка. Обвинетиот Лулзим Битри, кој е државјанин на Албанија, по отслужуавње на казната ќе биде протеран без право пет години да влегува во Македонија, јавува „Алсат М“.

На 5 април, во вооружен инцидент во Мала Речица помеѓу две ривалски групи од Куманово, беше убиен Наип Реџепи, додека Саби Реџепи и Флорим Мисини беа тешко повредени.

SHARE