За ВМРО-ДПМНЕ договорот со Грција не е прифатлив

Договорот со Грција е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ и е надвор од нејзините познати принципи и начела. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за негово неприфаќање, истакнал претседателот на партијата, Христијан Мицковски, на средбата со помошник американскиот државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел.

Како што се вели во соопштението на партијата, Мицкоски уште еднаш повторил дека за Македонија членството во НАТО и во ЕУ се од стратешки и од државен интерес.

„Партијата ВМРО-ДПМНЕ и Македонија на САД гледаат како на најголем свој партнер и сојузник“, рекол тој.

Двајцата соговорници се согласиле дека Евроатланската интеграција е клучен фактор за стабилност во регионот, како и дека е потребна поддршка во насока на реформи кои се од витално значење за остварување на тие цели.

Меѓу останатите теми закои разговарале Мицковски и МИчел биле актуелната политичка состојба во земјава, евро-антлантските интеграции на Македонија, како и актуелниот референдум за договорот со Грција.

1 Коментар

  1. ИНФОРМАЦИА МНР Бр..:2018…> КОЈ Е МЕТЈУ НИМИЦ

    Метју Нимиц е специјален претставник на Генералниот секретар на Обединетите Нации по прашањето за името во односите меѓу Грција и Македонија!
    Метју Нимиц не е специјален претставник на Советот за безбедност на Обединетите Наци!
    Метју Нимиц нема овластувања да поднесува извештаи до Советот за безбедност, ниту редовни извештаи до Генералниот секретар на Обединетите Нации од неговата работа по прашањето за името на државата Македонија!
    Прашањето за државното име Македонија не е “блокирано“ во Советот за безбедност, кој не бара редовни извештаи од Генералниот секретар по тоа, воопшто пак од Метју Нимиц.
    Метју Нимиц е во пензија и работи со договор за дело од 1 долар.
    На директно прашање што би се случило ако разговорите меѓу Македонија и Грција завршат, со одлука на Македонија, бидејќи таа е засегната страна, дали за тоа ќе го извести Советот за безбедност, Метју Нимиц рече, дека НЕМА НИШТО ДА СЕ СЛУЧИ. Дури нема овластувања некого да информира за тоа, доколку би се случило! Може да излезе и смешен ако некому нешто каже за таа одлука на државата Македонија.
    Прашањето за името на државата Македонија не е во надлежност на Советот за безбедност, туку на Секретаријатот на Обединетите Нации. Ова најлесно може да се провери.
    Прашањето за името на државата Македонија во Обединетите Нации не се третира како безбедносен проблем, затоа што не претставува директна закана за мирот и безбедноста во светот или регионот, дури ни во односите меѓу Грција и Македонија!
    Впрочем, Меѓународниот суд на правдата во 1948 покажа дека и кога определено прашањето е во надлежност на Советот за безбедност, по него може да одлучува и Генералното Собрание и Меѓународниот суд на правдата. Советот за безбедност не може да ги исклучи Генералното Собрание или Меѓународниот суд на правдата од ниту едно прашање. Во случајов со државното име Македонија, може да се гласа во Генералното Собрание, Генералното Собрание може да побара и да постави прашање за советодавно мислење од Меѓународниот суд на правдата. Вакво советодавно мислење за дополнилтено условување по прашањето за членските права во Обединетите Нации, Меѓународниот суд на правдата веќе има дадено во 1948 година, токму заради блокада на прашање во Советот за безбедност. Примерите со Србија, Палестина и Ерусалим, денес, покажуваат дека постои директна надлежност на Генералното Собрание и по прашањето за продолжување на членството на Македонија под нејзиното државно име во Обединетите Нации, без никаква блокада од Советот за безбедност!
    Имено, и по американското вето за Ерусалим во Советот за безбедност, резолуцијата стигна во Генералното Собрание кое мериторно одлучи дека не го прифаќа Ерусалим за главен град на Израел. Ист беше обидот и со Палестина. Ист беше обидот со заканите на Српската резолуција за Косово и Меѓународниот суд на правдата.
    Заклучно, не постои можност за блокада по членските права во Советот за безбедност, што произлегува и од резолуцијата на Генералното Собрание “Обединети за мир” од 1950 година.

Оставете Коментар