Договорот со Грција е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ и е надвор од нејзините познати принципи и начела. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за негово неприфаќање, истакнал претседателот на партијата, Христијан Мицковски, на средбата со помошник американскиот државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел.
Како што се вели во соопштението на партијата, Мицкоски уште еднаш повторил дека за Македонија членството во НАТО и во ЕУ се од стратешки и од државен интерес.
„Партијата ВМРО-ДПМНЕ и Македонија на САД гледаат како на најголем свој партнер и сојузник“, рекол тој.
Двајцата соговорници се согласиле дека Евроатланската интеграција е клучен фактор за стабилност во регионот, како и дека е потребна поддршка во насока на реформи кои се од витално значење за остварување на тие цели.
Меѓу останатите теми закои разговарале Мицковски и МИчел биле актуелната политичка состојба во земјава, евро-антлантските интеграции на Македонија, како и актуелниот референдум за договорот со Грција.