Заболен од рак ќе добие 290 милиони отштета од „Монсанто“

Американската агрохемиски гигант„Монсанто“ треба да му исплати 290 милиони долари на градинарот Дин Џонсон, кој тврди дека поради ракувањето со хербицидт „Roundup“ заболел од рак.

Според а адвокатот на Џонсон, оштетениот барал отштета од 439 милиони.

Како градинар во неколку училишта во Сан Франциско, Калифорнија, 46-годишниот Џонсон користел хербицид Roundup од 20 до 30 пати годишно.

Од 2012 година тој во два наврати случајно бил подложен на влијание на хербицидот произведен од  „Монсанто“. Во 2014 година, му беше дијагностицира рак на крвта.

Џонсон е еден од 800 лица, пред судот во Сах Франциско ја обвинуваат компанијата за прикривање на канцерогеноста на Roundup.

Во „Монсанто“ ги отфрлаат овие тврдења, и се повикуваат на бројните стручни истражувања.

Во септември 2017-та американската Агенција за заштита на животната средина по долги истражувања дојде до заклучок дека  препаратот кој широко се користи во земјоделството во целиот свет, не предизвикува рак.

Но, Меѓународната агенција за изучување на ракот, која е дел од Светската здравствена организација (СЗО), го класифицира во 2015 како супстанција која најверојатно може да има канцерогено влијание врз човекот.