„Заборавете на 2025 како датум за пристапување во ЕУ“

Извршниот директор на Европскиот фонд за Балканот, Хедвиг Морваи, вели дека 2025 треба да се заборави како датум за влегување на Западен Балкан во ЕУ.

Според неа, регионот не го одработува својот дел, а ЕУ не е подготвена да го промени својот пристап кон регионот, бидејќи се соочува со тешки предизвици.

Таа ја нагласи важноста на регионалната соработка и вели дека ова е алатка за развој на регионот, а не цел сама за себе.

„Треба да ја искористиме регионалната соработка за решавање на некои од тешките прашања“, рече Морваи, пренесува Б92.

Таа оцени дека на почетокот на годината имаше некои позитивни чекори во регионот, но и од страна на ЕУ, но дека сега „повторно сме таму каде што бевме“.

SHARE

Comments are closed.