Нема крај на „инвентивноста“ на изведувачите на работите на гасоводот преку планината Водно и покрај противењето на дел од јавноста.

Откако вчера од Македонски енергетски ресурси (МЕР) се извинија за инцидентот на нивен вработен кој дал наредба багерита „да газат“ активисти, а од влада потврдија дека протестот е право на граѓаните, денес осамна табла со соопштение: „Внимание изградба на гасовод. Забранет пристап за невработени“.

На ова „активистите со пенкало и на лист хартија напишале „Забранет пристап за уништувачи на природа“, пренесува МКД.мк.

Не е познато дали и кој смее да забрани движење и дал е издадена таква забрана од надлежен орган.

Активитите бараат дебата со директорот на МЕР, градоначалникот на Скопје и заменик министерот на Министерството за животна средина.

Оставете Коментар