Забрането за новинари на Радио слободна Европа во Пела!

Полицијата не и дозволи влез на екипа на Радио Слободна Европа во градот Пела во Грција, каде што се одржуваше централниот протест на „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“.

„Образложението на грчката полиција беше дека влезот не е дозволен поради безбедносни причини и се повикаа на соопштението на македонското МНР во кое се препорачува македонски државјани да ги избегнуваат местата каде денеска се одржуваат протести“, пишува РСЕ.