Задутре во Пела и низ северна Грција ќе се бара референдум за името

На најавените протести в среда во родното место на Александар Македонски, Пела, како и во дузина градови во северниот дел на Грција, покрај пораката дека Македонија е грчка и оти името на северниот сосед не може да го содржи зборот „Македонија“, ќе биде испорачано и барањето за референдум за евентуалниот договор.

Организаторите денеска побараа од грчката Влада да заземе цврста позиција околу името на северниот сосед, а за демонстрациите велат дека имаат цел да покажат дека жителите на грчкиот регион Македонија се во „состојба на приправност“ околу разговорите за прашањето за името.

Тие очекуваат поддршка и од локалните претставници на Црквата и на општините.

 

Оставете Коментар