Заев: Ако има 1 глас против повеќе, го поништуваме договорот од Преспа (ВИДЕО)

„За успешноста одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат. Ако има мнозинство со „против“ макар и еден глас повеќе, тоа значи јас и Парламентот сите го поништуваме договорот“ изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на  новинарско прашање дали неуспешниот референдум би значел и предвремени парламентарни избори.

„Ако има видливо огромно мнозинство со „за“, тоа значи дека сите без разлика дали се власт или опозиција треба да ја следат насоката што ја дале граѓаните. Верувам дека гласот на граѓаните и одлуката на граѓаните е правецот по кој ќе се движат политичките партии. Штом граѓаните одлучуваат ние политичарите ќе добиеме патоказ и само треба да го следиме тој патоказ”, рече Заев на денешната пресс конференција во Владата, пренесува РСЕ.

 

SHARE

Comments are closed.