Заев бега од дуел со Мицкоски: Премиерот поставува услов

Зоран Заев денеска ја отфрли понудата за ТВ-дуел со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Ќе чекал Мицкоски прво да заземе став за референдумот и да се изјасни против бојкот.

„Ќе има дебата со Христијан Мицкоски кога јавно ќе каже дека е против бојкот на референдумот“, порача премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција со косовскиот претседател Хашим Тачи во Скопје.

Прашан дали ја прифаќа понудата за тв дуел која доцна синоќа му ја испрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Заев рече дека такво нешто е можно само доколку постои основа за дебата.

„Себеси се сметам за промотор на дебата. Иднината на Македонија заслужува секогаш да се разговара за тоа прашање, од тој аспект бојкотирањето не претставува никаков основ за дебата. Ќе има дебата кога Мицкоски јавно ќе каже дека е против бојкот“, рече Заев.

Според Заев, ставовите на Мицкоски ја „ставаат во заблуда иднината на Македонија“.„Очекувам од него јасно и јавно да каже дека е против бојкот“ – рече Заев.

Мицкоски синоќа го повтори партискиот став дека ВМРО-ДПМНЕ е против Преспанскиот договор, но и натаму се залага за членство во ЕУ и НАТО о ги повика граѓаните секој да постапи според сопствено убедување на референдумот.

1 Коментар

  1. Заев е болен од биполарното растројство на личноста! Биполарното растројство е психијатриска состојба дефинирана како повторувачки епизоди на значително нарушување на расположението. Овие нарушувања може да се случат во еден спектрум кој се движи од ослабувачка депресија до незауздана манија. Поединците кои страдаат од биполарно растројство вообичаено искусуваат флуидни состојби на манија, хипоманија или она што се нарекува мешана состојба поврзана со депресивни епизоди. Во основа, болеста се состои од две фази кои периодично се менуваат: манија (хиперактивност, восхитеност, радост, чувство на семоќ) и депресија (пасивност, чувство на безволност, безвредност, немоќ, тага и очајување). Овие клинички состојби се разликуваат од нормалните промени на расположението. Растројството има потподелби: биполар I, биполар II, и циклотомично растројство, при што биполар I и II можат да доведат до рапидна цикличност на расположението во текот на годината. Исто така нарекувано биполарно афективно растројство до скоро, неговото сегашно име е од понов датум и се однесува на кружењето меѓу “високи” и “ниски” епизоди; и го заменува стариот термин манично-депресивни психози, назив кој го дал Емил Крепелин (1856 – 1926) во доцниот деветнаесетти и почетокот на дваесеттиот век. Тој е германски психијатар и се смета за основач на модерната научна психијатрија. Новиот термин е создаден за да биде неутрален, и да се избегне стигмата кај пошироката јавност која доаѓа од спојот на зборовите “манија” и “депресија”.
    Кусо: Заев е многу болен човек!

Оставете Коментар