Заев бил среќен за промена на уставот, но не му било лесно

Премиерот Заев на втората јавна дебата за уставните промени изјави дека утрото по гласањето на уставните измени бил среќен.

Запрашан од граѓани дали сабајлето во огледалото видел патриот или предавник и дали го боли што по целиот процес ќе станеме северномакедонци, Заев со двојни чувства.

Премиерот вели утрото на 20-ти октомври по гласањето во Парламентот бил среќен но не му било лесно.Тој тврди дека Македонците нема да станат Северномакедонци.

И на оваа втора јавна дебата во организација на Владата ги немаше универзитетските професори експерти по уставно право како на пример Гордана Силјановска која укажа на сите антиуставни членови кои ќе бидат вметнати во новиот устав.

SHARE

Оставете Коментар