Заев дал согласност Енвер Малиќи да биде мексикански конзул во Скопје

Премиерот Заев ставил потпис на одлуката на Владата заменикот градоначалник на Скопје Енвер Малиќи да биде почесен конзул на Соединетите Мексикански Држави во Скопје.

Заменикот на Шилегов е член на ДУИ на чија листа на советници беше втор на последните локални избори а во 2010 година неговата фирма Гемак Трејд беше прогласена за најуспешна компанија во северозападна Македонија со вкупен промет од речиси 3 милијарди денари.

Гемак трејд е застапник на повеќе светски брендови меѓу кои доминира вискито, а од мексикански брендови го увезува пивото Корона.

Малиќи е сопственик и на хотелот Парк и Спа, на кејот на реката Вардар во контраверзниот објект познат како Кинески ѕид.

Бизнисмен го започнува со Гемак Трејд во 1991 со дистрибуција на цигари, чоколади и парфеми од фри-шоп зоните кои се дистрибуирани на македонскиот пазар.

Малиќи дистрибуира и неколку познати брендови на тутунски производи, освежителни пијалоци, вода кафе, како и и кондиторски производи.

SHARE

Оставете Коментар