Заев дневно одговарал на 3-5 илјади пораки?!

Твитер-профилот „Венера“, во стилот на Христијан Мицкоски, „математички прецизно“ докажува дека фалбата на премиерот Зоран Заев оти дневно одговарал на 3-5 илјади пораки, едноставно, е неизводлива.

„Заев одговара на 3.000 пораки дневно, а во просек на човек да прочита, да размисли и да одговори на една порака му требаат 2 минути, тогаш дневно испаѓа дека Заев троши 6.000 минути само на одговарање на пораки. Проблемот е што денот (едно деноноќие) трае само 1.440 минути“, твитна „Венера“ како реакција на насловот во медиум: „Заев: Дневно одговарам на три до пет илјади пораки, тоа значи дека сум во тек со сите проблеми“.