Претседатеот на СДСМ, Зоран Заев синоќа ги запознал членовите на Централниот одбор дека Македонија никогаш не била поблиску до изнаоѓање на достоинствено решение на спорот со името кое ќе го зачува и зајакне нашиот идентитет.

Тој укажал и на придобивките од постигнување решение како што се покана за НАТО и можности за почеток на преговори за ЕУ, дознава НОВА ТВ.

Централниот одбор му пренесе целосно право на престседателот на СДСМ, Зоран Заев, да носи одлуки во врска со проблемот што Грција го има со нашето уставно име, со цел да се обезбеди подобра иднина на Република Македонија и сите нејзини граѓани, се вели во едногласно донесениот заклучок.