Заев ги носи Бејли и Жбогар во нов пораз, утре ќе и се суди на ЕУ – пишува Горан Момироски

Откако со лажни анкети и лажни анализи ги одведе во тежок политички и дипломатски пораз на референдумот, претставниците на ЕУ и САД во земјава се соочуваат со нов срам, повторно по заслуга на нивното протеже, привремено македонски премиер кој сака да забрани филм во 21 век.

Откако ја доведе земјава во ситуација да објаснува на цел свет дека не сме против НАТО и ЕУ сега ќе мораме да објаснуваме и дека не сме за цензура, за политички прогон на уметници, уметнички дела и филмови а амбасадорите ги доведе во ситуација да се срамат од туѓиот срам.

Утре е најновиот тест за ЕУ, САД и НАТО во Македонија. Западните сојузници на Македонија утре можат да го доживеат својот втор тежок пораз за 10 дена на овие простори.

И тоа во пријателска земја каде над 80 проценти од граѓаните ЕУ, НАТО и САД ги сметаат за единствена алтернатива за подобра иднина.

Грешката за поразите е делумно и кај нив самите. Жбогар, Бејли, Столтенберг и другите мораа да знаат со кого си имаат работа.

Како и сите други во дипломатијата и политиката од позиција на сила и закани ја туркааа својата агенда и тука никој не може да им забележи за нивниот патриотизам во интерес на нивните земји, сосема е логично тие да работат за своите држави.

Но во општото лудило во земјава за кое што придонесоа и тие самите, не пресметаа дека “Македончињата” имаат превисока точка на топење, дека има линија преку која нема да минат и дека нема до бескрај да толерираат неправда што им се нанесува од нивните вазали.

Вториот тежок пораз за краток период им се заканува утре предпладне во 11 часот во центарот на Скопје. Во скопскиот суд каде како во книгата “Јазовец пред суд” на Петар Кочиќ, ќе му се суди на уметничко дело.

Ќе му се суди на директор на фестивалот КинеНова, затоа што замислете, се дрзнал да прикаже филм. Ќе се суди на уметност, фикција, чувства, светоглед, вербален деликт.

Да биде трагедијата поголема за Жбогар, Бејли, Столтенберг, на уметничкото дело му судат политичари кои што се меѓу виновниците за пропаст на референдумот и со тоа се де факто противници на политиките на ЕУ и САД кои што ги претставуваат амбасадорите.

Тие мораат да знаат дека прогонот го почна и не го запира партија која што по налог на една регионална сила (а не е Русија) го бојкотираше референдумот. И тоа го знаат сите. Ако не знаат странците нека се јават во Атина каде случајот е веќе документиран и прашање на денови е кога ќе биде објавен.

Како што е прашање на ден кога ќе биде откриено дека партијата зад прогонот на филмот не сака да влеземе во ЕУ и НАТО а филмот го користи да се прикаже како најголем бранител на една етничка заедница.

Ако Заев и неговите пријатели од запад не сфатиле дека филмот е само алатка за докажување на национализам пред избори во кои партијата прогонувач штити исклучиво лични, национални и верски ставови, тоа не ги заштитува од одговорност.

За Заев веќе нема шанси, но Бејли и Жбогар се уште имаат шанса колку толку, достоинствено да заминат од Македонија.

Но само ако веднаш денеска го осудат судењето на уметничкото дело “Ругање со Христос” на Јани Бојаџи. И ако утре бидат меѓу првите што ќе протестираат против политичкиот и уметнички погром на филмското дело.

Слободата на изразување и говорот, на различно размислување, на нецензура на уметнички дела е темелот на западните неолиберални демократии кон кои се стремиме, затоа што подобри нема.

Молкот на Жбогар и Бејли ќе доведе до симболичен пораз на ЕУ и НАТО кои што ако одберат да молчат за кршење на темелните вредности кои што ги декларираат, ќе се претвори и нивен личен пораз, како дипломати, интелектуалци, како љубители и мецени на културни настани кои што често се финансирани со пари од нивните даночни обврзници.

На Жбогар му е најтешко, ако реши да молчи а знае дека институцијата која што ја претставува го финансира фестивалот КинеНова каде беше прикажан филмот. Ако утре се суди на проект поддржан од ЕУ практично утре ќе и се суди и на ЕУ и на нејзините вредности.

Словенецот утре ќе мора да бира меѓу темелните вредности на ЕУ за целосна слобода, еманципација на уметноста и уметниците, ситните партиски манипулации на луѓе што застанаале во времето на Никола Коперник. И неговата совест како слободна личност.

Ако е во прашање политичка битка од глобални размери за која ние немаме информации теоретски може да се има делумно разбирање за отсуството на емоции кај амбасадорите за емоциите на луѓето кои на пример, се плашат за својот идентитет.

Но овде во случајот со филмот на Јани Бојаџи се работи за мала локална тема, во сликата ги нема ни Русија ни Кина.

Овде се работи за малиот човек уметник и неговото право да го прикаже светот од неговата младост, фрустрација, реалност или фикција.

Ниту еден филм во историјата не се допаднал на целата публика. Ниту еден режисер не бил награден на сите фестивали. Ниту една уметност не била разбрана и сакана од сите луѓе. И во тоа е убавината и вредноста на уметноста. Да провоцира, да доведе до дебата, да предизвика јавни аргументи.

Конкретно, да не беше филмот на Бојаџи најголем дел од Македонците немаше да знаат дека покрај борците на УЧК кои се бореа за некаква идеологија и човечки права, за Албанците херои се и тие што киднапираа цивили или убиваа недолжни луѓе со врзување на експлозив на нивните тела како во Челопек.

Филмот на Бојаџи го ослободи духот од ламбата и сега наместо со негова помош да ги разбиеме митовите и предрасудите некој се обидува со запалена свеќа да го врати во веќе скршената ламба од која тече газија.

Криењето на стереотипите под тепих ќе создаде лажна Македонија и паралелни етнички микроуниверзуми против кои, од страна гледано, се бори и Бојаџи.

Јани Бојаџи не е најгенијален режисер на светот, сигурен сум дека ни филмот Ругање со Христос не е на ниво на “Граѓанинот Кејн (не го гледав за жал).

Но Бојаџи не смее да биде жртва на политички и етнички реваншизам само затоа што проговорил за некоја контроверзна тема во својот филм.

Ако веќе не е предоцна за овој апел.

Апсењето на неговиот 75 годишен татко на денот кога се случи премиерата на филмот во петокот, и тоа по 15 месечна истрага, покажува дека работите избегаа од контрола и во уметноста и слободата на изразување и во демократијата како концепт.

Одговорноста за тоа ја има пред се премиерот Заев но и луѓето што некритички му даваат поддршка за хаосот.

Жбогар и Бејли се меѓу директно одговорните а сите заедно сме меѓу жртвите на хаосот што како “Маглата” на Џон Карпентер полека влегува во нашите домови додека мртвите тела од 2001 година го освојуваат мирот во малиот град.

32 Коментари

  1. СДСМ веќе нема ЛЕГИТИМИТЕТ за какви било одлуки! Заев пред референдумот најави оставка доколку тој е неуспешен, но оставката не се ни споменува и ваквата негова постапка по кој знае кој пат докажа дека нему не може да му се верува. Уставот на Македонија стана желботека на Грција, законите станаа флуид кој кога ќе го притиснеш ја бара линијата на најмал отпор, а волјата на меѓународната стана посилна од волјата на граѓаните. Ова е срамен преседан во светската историја кој еден ден ќе им се удри по глава на сите оние држави кои го пропагираа договорот. Оваа генерација на политичари во СДСМ ќе остане запаметена како генерацијата која поплукала на гробовите на сите оние кои ја формирале КПЈ, историскиот предок на СДСМ и се бореле за независна Македонија. СДСМ веќе нема ЛЕГИТИМИТЕТ за ПРОМЕНА на Уставното име!

    • НИТУ ЕДНА ПАРТИЈА НИКОГАШ НЕМАШЕ ЛЕГИТИМИТЕТ ЗА ПРОМЕНА НА УСТАВНОТО ИМЕ!
      НИТУ СДСМ, НИТУ ВМРО! НИТУ САМО ЗА „НАДВОРЕШНА УПОТРЕБА”, НИТУ КАКВА БИЛО „ДВОЈНАТА ФОРМУЛА”! ИМЕТО НА ОВАА ДРЖАВА Е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
      Нема решение за името, а Преговорите се пропаднати. Никаков амандман или амандмани нема, ниту можат да бидат внесени во Уставот!
      Погрешно е да се изјави: “НИЕ од ВМРО би постигнале ПОДОБАР Договор со Грција од СДСМ”!
      ПРЕКУ МЕТОД на ПРЕГОВОРИ или тнр. “РАЗГОВОРИ” само се понижуваме и покажуваме дека НЕ ЗНАЕМЕ за факт дека во ООН сме примени под дополнителните НЕЛЕГАЛНИ (приемни) Услови односно дека ние НЕ ЗНАЕМЕ оти проблематизирање на сопственото ИМЕ како државно-правен идентитет е НЕЛЕГАЛНО! НЕ е НИТУ МОРАЛНО! За овие категории не се разговара или преговара!
      Разговорите за правниот идентитет се според дефиниција на меѓународното право ПРЕГОВОРИ!
      Обврска за Разговорите = ПРЕГОВОРИ!!!
      Разговорите за НАЦИОНАЛНИТО ИДЕНТИТЕТ = ПРЕГОВОРИ!!!
      Разговорите за ДВОЈНАТА ФОРМУЛА, ТЕ. ЗА ТН. НАДВОРЕШНО ИМЕ = ПРЕГОВОРИ!!!
      СИТЕ ОВИЕ ПРЕГОВОРИ СЕ НЕЛЕГАЛНИ!
      ИМЕТО, ПО DEFAULT Е ERGA OMNES, ПА ОВА ВАЖИ И ОД РЕЗ. 817, КОЈА ПОДРАЗБИРА ERGA OMNES!!!

      1. Државите немаат ексклузивни права на државни имиња. (РМ е правен идентитет на држава со дефинирани граници, а Македонија е назив на гео. регионот)
      2. Менување државни имиња не влијае на територијалните права и обврски на своја, како и на туѓа држава. Ниту овие менувања може да се толкуваат како тер. претензии или иредентизам.
      3. За Правниот идентитет, како елемент од меѓународно правниот субјективитет не е релевантен претходниот историјат или потекло на народот, како ни физички карактеристики на територијата.
      4. Спорови меѓу државите за државни имиња не постојат. Не може во ова суверено право да се врши легално интерферирање од ОН или од членка, ниту непризнавањето од една држава да се толкува како Спор или Разлика (поблага форма на спор во дипломат. жаргон).

      Во случај со Мак. прием во ОН направена е ЗАМЕНА на тези и едно непризнавање е преформулирано како РАЗЛИКА или Спор. Иначе, ваков спор на Меѓународен суд не би бил прифатен, туку отфрлен, па СБ беше згодна инстанца да се не-признавањето формулира и подигне на ниво на СПОР.
      Од фактот дека државно-правниот идентитет (т.е. Името) е правна категорија која е есенцијален елемент на правната личност, ова е супстанцијален елемент на државноста (со суверена власт, територија и популација), произлегува дека ОН органи во Мак. пријем пречекориле своите овластувањата.
      Заклучок е дека таквите преговори за името се БЕСПРЕДМЕТНИ. Спор е замена на теза.
      (Суверенитетот на Република Македонија се однесува не само на правно дефинирана територија (територијална јурисдикција) туку и на народот односно граѓаните кои живеат на таа територија и се под јурисдикција на државата Република Македонија.) Историјски својатања не можат да бидат предмет на спорот.
      5. Битен принцип е и дека Државното име не може да се: откраде, фалсификува или наметне, како што не може ниту да се одземе (од ОН) или да се преформулира. Исто така, од овој принцип произлегува дека државното име не може да биде предмет на (лимитирани/конечни или бесконечни) преговори, ниту на други начин да се проблематизира ваков идентитет од надвор, задирајќи во строгата внатрешна јурисдикција.

      • Игор Јанев, до кога ќе тресеш зелени. Спорот помеѓу Македонија и Грција за разликата околу името е решен како што бараше Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН – во меѓусебни преговори. Решението е поддржано од целата меѓународна заедница, НАТО, ЕУ. Решението е подржано од преку 600 000 граѓани на референдум. Целата меѓународна заедница е задоволна од толку големата поддршка на граѓаните на Македонија и сега бара да се продолжи спроведувањето на договорот помеѓу Македонија и Грција. Каде ти живееш? На Марс?

          • Што е изгубено? Преку 600 000 граѓани го поддржаа договорот. Меѓународната заедница на чело со НАТО и ЕУ ја поздравија толку големата поддршка и побараа да се продолжи процедурата за спроведување на договорот. ШТО Е ИЗГУБЕНО?

      • Хаха Заев најмногу го заеба Бејли. Од 600 000 кои излегле само 250 000 биле Македноци-предавници, а милион и 200 000 Бојкотирале. Кога ке ги иселиме и истребиме 200 000 од Македонија, ке имаме наша Реублика Македонија, без Рада, Заеб или овде ЕДЕН (гомнар и кретен кој се постира и работи за Бихачка и други гомна). Еден, Пичка ти материна!!!

      • Еден Јас лично ке те заколјам! А потоа, и цела ФАМИЛИЈА ќе ти ЗАКОЛЈАМ!!
        Само да те најдам кој си! Сите по ред и тебе и цела ФАМИЛИЈА ќе ти ЗАКОЉАМ!!

        • Како ќе ме најдеш кога се криеш? Ако си толку храбар што го криеш своето име и презиме? Кажи кој си, па јас ќе ти се јавам. Не мора да бараш за да ме најдеш. Ајде „јунаку“! Кога си толку храбар да ме ЗАКОЉЕШ мене и цела моја фамилија, биди храбар и да го кажеш своето име и презиме. На пример: Игор Јанев.

          • Моје име е Велимир Ивановиќ. Ајде, кажи го своето име ЕДЕН, пичко една! Ајде, ако смеш! Кукавицо!

  2. КАКО ВЛИЈАТЕЛЕН ЧЛЕН НА ВМРО-ДПМНЕ ЈАС ИГОР ЈАНЕВ ПОВИКУВАМ СИТЕ ПРАТЕНИЦИ И

    ОСОБЕНО ПРАТЕНИЦИ КОИ СЕ ЧЛЕНОВИ НА ВМРО-ДПМНЕ ДА НЕ ГЛАСААТ ЗА АМАНДАМНИТЕ

    И ПРЕСПАНСКАТА СПОГОДБА И ЗА БРИШЕЊЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ!

  3. 1. Прво владата мора да одговори како ја започнува постапката за уставни измени
    кога Договорот е спротивен на Уставот и не е објавен во Службен весник ?
    2. Формално-правно овој Договор не може да влезе во правна сила се додека не се
    усогласи со Уставот на Република Македонија и додека не биде објавен во Службен весник
    3. Чл. 51 од Уставот е дециден и вели законите мораат да бидат во согласност со
    Уставот, а СИТЕ ДРУГИ ПРОПИСИ, вклучително и билатералните и другите
    видови меѓународни договори, мора да бидат во согласност со Уставот и со
    законите.
    4. Чл.52 од Уставот вели законите и другите прописи се објавуваат во „Службен
    весник“ пред да влезат во сила.
    5. Ниту Договорот е во согласност со Уставот, а уште помалку е во согласност со
    Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународните договори.
    6. Голем број врвни експерти од странство се изјаснија дека Договорот е во
    спротивност и со меѓународното право, односно дека истиот е предавство на
    меѓународните принципи и правила.
    7. Во чл. 118 од Уставот стои дека меѓународните договори што се ратификувани во
    согласност со Уставот, што значи со закон објавен во „Службен весник“, СЕ ДЕЛ
    ОД ВНАТРЕШНИОТ ПРАВЕН ПОРЕДОК. Овој договор не е дел од внатрешниот
    правен поредок на земјата и не може да биде основа за менување на Уставот.
    8. Ова значи дека Владата и натаму го крши Уставот и врз основа на неуставен
    договор подготвува цела постапка за промена на Уставот.
    9. Овој предлог за пристапување кон измена на Уставот од формално-правна, но и од
    материјално-правна причина не смее да биде усвоен од пратениците, бидејќи
    истиот ги крши темелните вредности на уставниот поредок и неколку члена од
    Уставот.
    10. Исто така, со предлогот за пристапување кон измена на Уставот не се почитува
    волјата на над еден милион и двестотини граѓани кои не го прифатија Договорот од
    Преспа како основа за менување на Уставот.
    11. Волјата на граѓаните изразена на референдум согласно Уставот е
    ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЗА ВЛАСТА!
    12. Чл. 73 од Уставот јасно наведува дека одлуката донесена на референдум без
    разлика дали е таа позитивна или негативна во однос на референдумското прашање
    е задолжителна за сите.
    13. Уставот не прави разлика меѓу консултативен и задолжителен референдум, туку
    вели дека одлука донесена на сите видови референдуми е задолжителна, бидејќи
    волјата на граѓаните е суверена и е над власта.
    14. Референдумот беше неуспешен, тоа го соопшти и ДИК, и со недонесена одлука на
    референдум власта не може да менува Устав за промена на име на држава!

    15. Во однос на самиот предлог за пристапување кон промена на Уставот треба да се
    потенцира дека Владата има проблем да состави предлог согласно Уставот и
    Деловникот на Собранието. Самиот наслов на предлогот е мошне спорен, бидејќи
    во него има насоки за измена и дополнување на Уставот. Насоките немаат за цел да
    бидат во наслов, туку во образложението на предлогот. Исто така загрижува и
    правната неписменост на службите во Владата кога под претставниците на Владата
    ставиле и место за повереник.
    16. Загрижува и фактот што министерството за правда се иззема од уставните измени и како надлежен претставник го става министерот Никола Димитров како шеф на
    МНР што е до сега невидена пракса. Секогаш измени на Уставот предлага
    Министерството за правда овој пат одлучи да избега од процесот од необјаснети
    причини.
    17. Што се однесува до самите насоки во предлогот интересно е што многу од
    прашањата уредени во договорот не се опфатени со уставните измени. На пример,
    што ќе се случува со придавките македонско/македонска/македонски? Тие
    согласно чл. 7 од Договорот мора да бидат дообјаснети дека не припаѓаат на
    хеленската цивилизација, култура, традиција и богатството на тој регион од
    антиката до денес. Исто така и кај македонскиот јазик мора да има објаснување
    како што стои во чл. 7, точка 4 од Договорот дека се работи за јазик од групата на
    јужнословенски јазици.
    18. Во делот на неменување на границата предлогот содржи еден апсурд непознат во
    уставно-правната пракса. Со новиот уставен амандман се предлага да се
    декларира??? (со Устав не може да се деклрарира, тоа се прави со Декларација)
    почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката
    независност на соседните држави, прашања што се веќе уредени во меѓународното
    право, но и во уставите на соседните држави. Со Устав на РМ не може да се
    гарантира/декларира суверенитет, територијален интегритет, ниту политичка
    независност на соседни држави. Тоа е глупост.
    19. Спорен е и уставниот амандман со кој се предлага грижа за културните,
    економските и социјалните права на припадниците на македонскиот народ и сите
    наши граѓани во странство, без тоа да значи мешање во суверените права на други
    држави и во нивните внатрешни работи, во каква било форма и заради каква
    било причина.
    20. Ова е опасна формулација, бидејќи суверените права на другите држави и
    нивните внатрешни работи можат да бидат пречка за наша непречена
    соработка и одржување на блиски односи со нашите сонародници во
    странство. Практично со овој амандман Македонија наместо мостови за
    соработка и зближување со Македонците ширум светот гради ѕид меѓу нас,
    бидејќи Бугарија, Грција или Албанија во секое време, поради било која
    причина и во каква било форма можат да ни забранат да се грижиме за
    културните, социјалните и другите права на нашите сонародници. Овој
    амандман е во целосна спротивност со политиката на заштита на
    националните малцинства позната како Kin-state policies (kin-minority laws, dual
    citizenship, out of country vote), политики признати и разработени од Високиот
    претставник за националните малцинства при ОБСЕ, од страна на Венецијанската
    комисија и од Парламентарното собрание на Советот на Европа.

  4. Овде да не се зимаат сериозно коментари на ЕДЕН. Тој е психијатријски случај моментално ангажиран од Заев и СДСМ. Ние го знаеме, ЕДЕН е тежок психијатријски болесник.

    • Јас сум Велимир Ивановић, види https://sr.wikipedia.org/sr-el/Разговор_са_корисником:Soundwaweserb/Архива_2#Komentari_koje_sam_poslao_poštovanom_korisniku_Kolega_2357_ili_Velimir_Ivanovic_a_koje_on_briše

      Прашање е кој си ТИ???
      Претпоставувам обичен лудак кој секаде види Игор Јанев!
      Треба да се лекуваш од параноја и шизофренија!
      Имаш илузии! Секаде гледаш Игор Јанев!!!
      Оди на психијатар заедно со Зајко, Димитров и луда Рада!

      • Ма не губи време Велимир, тој еден е некое слабичко гомно од СДС кое не се појавуваше дури 10 дека од кога им се случи „црна недела” 30. сеп. кога
        1 200 000 бојкотираа невен лажен СДС- референдум.
        Еден на 30 .9. заврши во лудница и еве денес излезе или избега и пак сака да пцуе и конструира навреди, со екстремно агресивно однесување и халуцинации. Но ок за три, четири месеци кога ВМРО ќе се врати на власт ќе видиме кој е овој лудак и ќе се погрижиме трајно да го ставиме во лудница каде му е место. Еден е некое мало плашливо човече што од една дупка само лае како бесно плашливо куче и не смее да го открие својот идентитет. Тој е кукавица и проститутка, како и неговиот идол и шеф Зајко-педерко.

    • ЕДЕН е тежок психијатријски случај. Еден, твојот Заев неколку дена пред соочувањето со Мицковски излажа . Имено, независно од тоа дали се согласувате со предлогот или не, тој рече дека со Ципрас се договриле за името Република Илинденска Македонија, по што, за ден или два, беше демантиран, односно Грците експресно го отфрлија тоа што наводно било договорено. Така што, Грците само кратко пред дуелот избришаа под со Заев, го треснаа од земја така силно што не само нему, туку на цела Македонија и нанесоа невиден срам (вклчучувајќо го тука и мнозинството во РМ кое не се согласува со Илинденска Македонија), па оттука, да бевме нормално и колку-такво здраво општество, Заев немаше ни да се појави на било каков дуел. Што тогаш да разговарате со човек за кој е познато дека на секои пет минути ги менува изјавите и дека тоа што во овој момент го кажува, ќе важи не подолго од времето потребно за да излезе низ врата.
      Дијагноза на Заев (а и твоја „еден”): Биполарното растројство е психијатриска состојба дефинирана како повторувачки епизоди на значително нарушување на расположението. Овие нарушувања може да се случат во еден спектрум кој се движи од ослабувачка депресија до незауздана манија. Поединците кои страдаат од биполарно растројство вообичаено искусуваат флуидни состојби на манија, хипоманија или она што се нарекува мешана состојба поврзана со депресивни епизоди.
      Во основа, болеста се состои од две фази кои периодично се менуваат: манија (хиперактивност, восхитеност, радост, чувство на семоќ) и депресија (пасивност, чувство на безволност, безвредност, немоќ, тага и очајување).
      Овие клинички состојби се разликуваат од нормалните промени на расположението. Растројството има потподелби: биполар I, биполар II, и циклотомично растројство, при што биполар I и II можат да доведат до рапидна цикличност на расположението во текот на годината.
      Исто така нарекувано биполарно афективно растројство до скоро, неговото сегашно име е од понов датум и се однесува на кружењето меѓу “високи” и “ниски” епизоди; и го заменува стариот термин манично-депресивни психози, назив кој го дал Емил Крепелин (1856 – 1926) во доцниот деветнаесетти и почетокот на дваесеттиот век. Тој е германски психијатар и се смета за основач на модерната научна психијатрија. Новиот термин е создаден за да биде неутрален, и да се избегне стигмата кај пошироката јавност која доаѓа од спојот на зборовите “манија” и “депресија”.
      Еден, ти си депресивен шизофреничар, со отсуство на личен идентитет, како и твојот газда Заев.
      Не прескокнувај терапијата.

  5. Ајде Македонци, ако не послушате професора Игора Јанева, остаћете без идентитета. Нисте ваљда глупи да слушате Заева!

Оставете Коментар