Со Преспанскиот договор, Грција обезбеди име ерга омнес додека Скопје „ерга омнес  идентитет”, изјави македонскиот премиер Зоран Заев за Би-Би-Си.

Заев изрази уверување дека договорот ќе биде ратификуван со мнозинство од најмалку 70 отсто на референдумот закажан за септември или октомври.

Според македонскиот премиер, „анкетите покажуваат дека повеќе од 75 отсто од граѓаните се за пристапување во НАТО и ЕУ. Над 70 отсто од граѓаните веруваат дека ова прашање треба да се реши и дека сега е добро време и дека повеќе од 75 отсто ќе учествуваат во референдумот“.

Во исто време, тој не пропушти да ја изрази својата загриженост во врска со малото мнозинство во грчкиот парламент.

„Загрижен сум […], но мислам дека двете страни ќе ги исполнат своите обврски“, рече Заев.

Заев го повика претседателот на Неа демократија Киријакос Мицотакис да демонстрира позитивен став и да му даде можност на Преспанскиот договор.

На прашањето на Би-Би-Си дали идните влади во Скопје ќе бараат „Голема Македонија“, тој истакна дека Александар Велики имал „Голема Македонија“, додека Македонија денес има своја Македонија.

„Немаме територијални претензии, ги заштитуваме границите и го почитуваме наследството на Грците и на Македонците од Грција“ вели Заев, пишуваат грчки медиуми кои го пренесоа Би-би-си.

3 Коментари

  1. АЛО, ПОЧИТУВАНИ ЧИТАТЕЛИ! ТРЕБА ЕДНО ДА ЗНАЕТЕ ДЕКА НАЈДОБРА ЦРПКА-ЦРПАЛКА СЕ ПРАВИ ОД СУВА ЛЕЈКА А ТАА Е ПРАЗНА И НЕ СЕ КОРИСТИ ЗА НИКАКВА МАНЏА ОСВЕН КАКО МИРУДИЈА ВО ПОЛИТИЧКА МАНЏА. ИСТО ДА СЕ ЗНАЕ ДЕКА ЈАГУРИДАТА Е СЕКОГАШ КИСЕЛА И НИКОГАШ ВЕСЕЛА И ТАА СЕКОГАШ ЌЕ НИ СКОМИНА ВО УСНИТЕ, ЈАЗИКОТ ПА ДУРИ И ДУШАТА. ТЕШКО НА НАРОДОТ КОЈ НАЛЕТА НА ТАКВА-ВИ ЈАГУРИДИ КОИ ЗА ЖАЛ ОДЛУЧУВААТ ЗА СУДБИНАТА НА ЕДЕН ЦЕЛ НАРОД СО СИТЕ СВОИ АТРИБУТИ.

  2. Договорот со Грција е најсрамен меѓународен договор во историјата на меѓународните односи!
    Овој тнр. договор еден ден ќе служи за потсмев!

  3. Epten crpnat. Se slusa li sto zbori. Si veruva li samiot na sebe. Aaa da EDEN mu veruva ili e platen da mu veruva

Comments are closed.