Дале ли Заев и Ахмети “беса” на БЕСА за албанските права во уставот?

Делот од движењето БЕСА кое не е во владата а е под контрола на Билал Касами меѓу редови се заканува дека може да го урне процесот на уставни измени.

Од таму тврдат дека СДСМ и ДУИ ветиле дека во новиот устав ќе бидат вградени новите барања на Албанците.

БЕСА заедно со Алијансата за Албанците, која исто така поставува сопствени услови, има четворица пратеници кои во моментов се од животна важност за Преспанскиот договор. Оттаму порачуваат дека тие не уценуваат, тоа не било нивни стил, едноставно веруваат дека Владата ќе ги прифати нивните амандмани.

Потпретседателот Кастриот Реџепи за телевизија Алфа изјави дека се оптимисти, на истиот начин како што премиерот Заев, кога немаше никакви изгледи, веруваше дека ќе обезбеди 80 пратеници за промена на уставот.

” Ние сме оптимисти, тие амандмани се за доброто на сите, за нив се залагаа и албанската партија во власта и најголемата владејачка партија СДСМ. Како што во еден момент во јавноста се мислеше дека нема да се направи двотретинско мнозинство во парламентот, а премиерот Заев беше оптимист, така и ние сега сме оптимисти дека нашите амандмани ќе станат дел од документот”, изјавил потпретседателот на БЕСА, Кастриот Реџепи.
Извор Алфа ТВ

SHARE

Оставете Коментар