Заев и Борисов заедно на гробот на Св. Кирил во Рим

Loading...

Премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, заедно ќе присуствуваат на традиционалното поклонение на гробот на Свети Кирил во Рим.

Делегациите на двете земји првпат заедно ќе ја посетат базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што папата Адријан Втори ги благословил словенската азбука и книги.

Македонската и бугарската делегација ќе учествуваат и на официјалниот прием во амбасадата на Бугарија во Италија во чест на празникот на духовноста.

Заедничкото чествување историски настани, значајни за двете држави, како и славење големи историски личности е предвидено со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка што Заев и Борисов го потпишаа на 1 мај минатата година.