Заев и Димитров го информираат Иванов за новото име

За договореното ново име – Република Северна Македонија– премиерот Зоран Заев придруживан од МНР Никола Димитров претѕпладнево ќе гоинформира шефот на државата Ѓорќе Иванов.

Договорот Ципра-Заев околу кој вчера беше постигната согласност и истовремено за тоа беше информирана јавноста во двете земји, најавено е дека ќе буиде потпишан викендов.

Како што вчера информираше на прес конференција премиерот Заев, името Република Северна Македонија (Republic of North Macedoniia) со превод на сите јазици, ќе биде erga omnes, за севкупна употреба и ќе се прецизира со амандман во Уставот.

Јазикот е македонски без фуснота – потврден од ОН, националноста е – македонска/граѓани на Северна Македонија (Macedonian/Citizens of North Macedonia).

Новото име Република Северна Македонија ќе почне да се употребува на меѓународен план откако договорот со Република Грција ќе биде ратификуван од парламентите на двете земји.

На есен ќе се одржи референдум и доколку биде успешен ќе следуваат предвидените уставни промени кои ги бараше Атина.

Се верува дека договорот го отвора патот на 28 јуни Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, а на 12 јули на самитот на НАТО Македонија да добие покана за членство во алијансата.

3 Коментари

  1. Ова е стара вест, разговорот по 5 минути траење со кретените Заев и Димитров заврши.
    Не знам како претседател Иванов издржи цели 5 минути да седи на маса со ваков кретенски предавнички олош!

    • Заев и Димитров се улични шљам и ѓубре! Да седиш на маса со таквото ѓубре и да ги толерираш е повеќе од уметноста.

  2. Заев и Димитров се улични шљам и ѓубре! Да седиш на маса со таквото ѓубре е повеќе од уметноста.

Оставете Коментар