Доколку временските прилики дозволат македонскиот премиер Зоран Заев придружуван од министерот Никола Димитров со брод ќе пристигнат во Нивици (Псарадес) на грчката страна на Преспанско Езеро каде што во 9,30 часот е предвидено да биде потпишан договорот со кој официјалното име на РМ во иднина ќе биде Република Северна Македонија.

Договорот ќе го потпишат министрите Димитров и неговиот грчки колега Никос Коѕијас.

Македонската делегација ќе биде пречекана од грчкиот премиер Алексис Ципрас на пристаништето, а потоа заедно ќе се упатат до специјално за оваа прилика подигната платформа но и шатор каде треба да се случи потпишувањето.

На чинот ќе присуствуваат и високи претставници на ЕУ и ОН, но и бројни новинарски екипи.

По потпишувањето на договорот, двајцата премиери, министрите за надворешни работи и официјалните гости исто така со брод ќе отпловат до спротивниот брег на Преспанско Езеро, во Отешево, каде е предвиден свечен ручек.

Целата церемонија и на грчка но и на македонска страна ќе се одвива под засилени мерки на безбедност поради најавата на протести.

2 Коментари

  1. Секој што тера каприц и инает со народот, лошо ќе заврши. Ќе го стигне суд на народот!

Comments are closed.