Заев и Столтенберг ја замислуваа Македонија на ѕидот во НАТО (ФОТО)

Премиерот Зоран Заев на својот профил на „Фејсбук“ објави фотографија на која заедно со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, гледаат во делот од мапата на земјите членки на НАТО предвиден за Македонија.

„Го видовме нашето место на мапата членки на #НАТО. 30. место е за #Македонија. 30. јарбол е за македонското #знаме“, напиша Заев како опис на фотографијата.

Премиерот веројатно како место за Македонија го смета празниот простор на банерот на кој се објавени сите досегашни земји членки на НАТО.

Предходно Столтенберг изјави дека вратата на НАТО е отворена, а Македонија е на прагот. Тој очекува на Самитот да ѝ биде врачена поканата на нашата земја, меѓутоа потенцира дека без исполнување на договорот со Грција, Македонија нема да може да стане дел од НАТО.

SHARE

Comments are closed.