Заев кани советник што поддржува: Абортус, еутаназија, геј бракови да усвојуваат деца

Премиерот Заев според српските медиуми за свој советник го поканил лидерот на српската Либерално демократска партија Чедомир Јовановиќ кој треба да биде советник во македонската Влада за регионални односи и европски интеграции, пишува српски Блиц.

Добрите односи на Јовановиќ и Заев се интензивирале, за време на референдумската кампања во Македонија открива весникот кој не кажува каква улога имал Јовановиќ во македонските избори.

Јовановиќ по неуспешниот референдум во Македонија изјави дека Србија не треба тендециозно да ги коментира резултатите на референдумот во Македонија, туку да и помогне ако може.

Јовановиќ се уште не одговорил на понудата која дошла од Скопје.

„Јовановиќ не одговорил конечно на понудата. Му рекол на Заев ако тоа што го сакаш ти го сака и Вучиќ, спремен сум, бидејќи никој друг нема да ги реши нашите проблеми“, цитира Блиц добро информиран извор.

Македонската влада денеска молчи за информациите кои доаѓаат од Белград.

Пред 3 години Јовановиќ во интервју за емисијата “Личен став“ (го објвуваме на крајот на веста) изјави дека се залага за легализција на хомосексуални бракови и можност таква брачна заедница да може да усвојува деца, дека не верува во Господ и дека пушел марихуана но не користел кокаин како што шпекулираа дел од српските медиуми.

Јовановиќ има слични ставови и со дел од Социјалдемократите во врска со абортусот. Според него прекин на бременоста и без медицинска потреба не е чедоморство.

SHARE

Оставете Коментар