Заев контра Османи за Законот за јазици: Таа работа не може со рокови

Премиерот Зоран Заев не се согласува со својот заменик во Владата, Бујар Османи, кој во петокот му даде рок од два дена на претседателот Ѓорге Иванов да го потпише указот за насилнот донесениот Закон за употреба јазиците, инаку ќе се нашло начин тоа законско решение да стапи во сила и без потписот од шефот на државата.

„Не може оваа работа со рокови. Ништо посебно нема да се случи или што било, не знам јас. Можам само да ја искористам оваа пригода за да апелирам уште еднаш претседателот на државата да го потпише овој закон. Законот три пати е гласан во Собранието и со ова буквално се дерогира и уништува функцијата на Парламентот. Ние сме парламентарна демократија и притоа ако овој закон се пушти во сила сите ќе видат навистина дека нема никаква болка во него, туку, напротив, ќе растовари од едно бреме што сè уште постои во државата од нејзината самостојност до денеска на меѓуетнички план. Вака растоварени, ќе можеме навистина сите да се посветиме на креативни работи, на важни работи што се еднакво важни за сите граѓани на Македонија. Паралелно работат и размислуваат правни советници и од внатре од партиите, и од институциите, но и надвор од институциите. Ако најдат некое решение правно-формално, веднаш ќе го соопштиме во јавноста. Но, редот е прво да очекуваме од претседателот на државата да го потпише указот“, изјави Заев.

 

SHARE

Comments are closed.