Заев му прости на Лика, вицепремиерот се враќа на работа

Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика се враќа на своето вицепремиерско работно место кое без дозвола го напуштил без дозвола од неговиот шеф Заев.

Тој од неодамна по повеќе од 6 месечно противзаконско одсуство се вратил на работа и формално присуствувал на владини седници, велат извори во Владата.

Лика се враќа во владата откако пред десетина дена премиерот Заев индиректно најави дека Лика може да биде сменет без да бидат спомнати конкретни имиња.

Заев најави дека одговорност ќе мораат да понесат сите оние што не ги исполнуваат задачите, но и што не доаѓаат на работните места, а земаат плата, во што јавноста го препозна вицепремиерот Лика.

„Не размислуваме за реконструкција при вакви сериозни парламентарни процеси. Секако, ако некој министер не доаѓа на влада – логично е дека владата треба да седне да размисли тоа да се промени. Разговараме со коалициските партнери кои споделиле одговорност со нас во делот на другите ресори ако се случат такви потреби, па ако некаде немаме ефекти, знаеме како“, изјави тогаш Заев.

Екс градоначалникот на Тетово и лидер на военото крило на ДУИ Хазби Лика, со месеци не доаѓаше во владата поради кавга со лидерот на ДУИ Ахмети и со други високи функционери на партијата.

SHARE

2 Коментари

  1. Македонија забринета за случувањата измеѓу Украина и Русија? Чудо не видено, дали да плачеш или да се смееш.

Оставете Коментар