Заев на Канал 5: Договорот за името чепка во душата

Поенти од гостувањето на премиерот на емисијата Само вистина на Канал 5:

– Многу верувам на договорот и сум среќен дека граѓаните ќе можат да одлучат за иднината. Ќе имаме референдум и граѓаните точно ќе определат во кој правец се движиме. Имаме транспарентен процес, ги знаат сите и предностите и слабостите на договорот, и двете страни добиле и двете страни нешто изгубиле. За мене договорот е огромна придобивка за Република Македонија. Со договорот конечно имаме земја признаена од сите, со признаен македонски народ кој зборува признаен македонски јазик. Завршува времето кога бевме со психолошки тегоби, кога гледавме како ни кажуваат – јазикот на вашата земја, народот на вашата земја, а бевме ФИРОМ употребливи насекаде.

– Знам дека договорот не е лесен, боли, чепка во душата затоа што имаме промена на Устав, но на крајот е факт дека од географскиот регион Македонија ние сме северниот дел. Притоа Грција ни признава народ и јазик.

– Го осудувам насилството на протестите, но полицајците после огромен период на чекање и удари се заштитуваат себеси и Собранието. Мислам дека реакцијата на полицијата е оправдана, внимавале на постапките, гледам дека нема повредени луѓе.

– Јас сум разумен човек, ме гледате разговарам со опозицијата, со Претседателот на државата. Претседателот е биран од граѓаните, тој е претседателот на мојата земја, јас ја извршувам функцијата претседател на влада, ние мора да им служиме на граѓаните. Јавно ги соопштувам своите ставови, сум знаел да се повлечам, да се извинам, да се корегирам во ставовите, но граѓаните најмалку што заслужуваат е транспарентност и одговори, ставови на политичарите. Доаѓа референдум, мора да ги соопштиме ставовите. Во моментот имаме политичари како што е претседателот и тоа не го овозможува затоа што ратификацијата на договорот која почна во Собранието е токму таа алатка за граѓаните конечно да се изјаснат и тоа е фер и демократска работа за вака важно прашање граѓаните да се изјаснат, ние не смееме да им го скратиме тоа право на изјаснување и верувам дека политичарите ќе бидат добри служители на граѓаните само ако бидат транспарентни и отчетни, да знаат да се корегираат и да бидат лидери, а не само со калкулациите за својот рејтинг.

– Ако Заев се водел од политичките калкулации како и моите претходници, ќе теравме до крај на мандат, првиот мандат ќе ни донесе и втор мандат, но во која Македонија, без иднина, без перспективи? Дајте да ги решиме работите пред се‘ за државата, ние политичарите сме менливи и минливи.

– Апелирам граѓаните да го прочитаат договорот и ќе видат дека имаме праведно и паметно решение. Заев и Ципрас се само алатка во рацете на граѓаните. Граѓаните и институциите на системот ќе одлучат на крај.

– Веројатно две минути беше средбата кај претседателот Иванов, јас не можев ништо да кажам, не можев ни вода да се напијам, немаше вода пред нас. Тој беше со свој тим, тројца луѓе, праша каде е договорот, во моментот службеничката од МНР го архивираше и на македонски и на англиски јазик, го соопштивме на претседателот Иванов и рече нема што да разговарам со вас и тука завршуваат разговорите, не сакам повеќе да разговарам и стана и замина од местото каде што седеше. Претседателот станува и ние стануваме. Тоа е редот, тоа е претседателот на мојата земја. Никола ме погледна, што правиме, велам ќе си одиме, немавме можност два збора да кажеме. Единствено Никола рече оти претседателот при заминување, не сум таков да прераскажувам, ќе продолжам да негувам позитивен однос, но само рече ве молам почекајте владата да го декласифицира тоа што е строго доверливо. јас до денес се надевам дека како секој Претседател на државата нема да ги опструира процесите кои следуваат. Има право да ги соопшти своите ставови, како што и јас имам и другите политичари, но никој немаме право да ги опструираме процесите кои следуваат псоебно каде граѓаните се изјаснуваат. Со години се зборува за референдумот. Дајте шанса да се изјасни народот на референдум. Ако договорот биде попречен на некој начин за мене не само што ќе биде попречен начинот на функционирање на парламентот, туку претставува и обврска да најдеме начин како да го солободиме парламентатот. Досега е попречен со Законот за употреба на јазиците, не дај Боже и овде да биде попречен. Чуму од парламентот кога некоj џебно вето, незнам какво е, го употребува. Нема да дозволиме такви работи, ова не е закана, ова е должност да ги обезбедиме институциите да функционираат. Парламентот е пред се и над се за сите. Верувам дека ќе се даде шанса на процесите да течат. јас сум убеден дека иако претседателот ја пропушти шансата да го препознае моментот кон иднината, кон перспективите кои се отвораат, сепак е должен да им даде шанса на процесите со следуваат заради тоа што се фер процеси со сите можни информации на граѓаните и можност демократски да се изјаснат.

– Кога заврши разговорот со премиерот на Грција веднаш се јавив кај шефот на опозицијата Христијан Мицкоски и веднаш информирав дека имаме договор со сите детали. Следниот ден го повикав во Владата и се видовме 5 минути за жал, не сакаше да разговара воопшто.

– Ова не е првпат да биде прифатено име со географска одредница, ерга омнес, во време кога не се разговарало за идентитетот, тој бил тргнат на страна. Нашата влада не сакаше да разговара заради тоа што грчката влада не го прифаќаше тоа и остануваше да лебди, како Грците нема да го признаат, ама ние ќе си го викаме, тука не е решено, а денес имаме признание од Грција и тоа е голема разлика. Никола Груевски прифати Горна и Северна Македонија, но Грција не прифати затоа што беше испровоцирана со Скопје 2014 и менување на името на автопатот и аеродромот. Тоа е доказ во разговорите кои ги има СЈО и денес првпат го соопштувам тоа.

– Никој нема право ниту можност да се откаже од малцинствата.

– Кога ќе се случат уставните промени јас ќе бидам премиер на Република Северна Македонија, но јас ќе бидам премиер на македонската влада, ќе зборувам за македонската економија, за македонската книга, фолклор, оро, за македонско девојче, тоа се придавките од нашиот идентитет.

– Заради тоа што сме мултиетничко општество ќе стои macedonian односно македонско/граѓани на Република Северна Македонија бидејќи сите внатре не се Македонци. Тоа ќе стои целосно како што сега стои македонско, така ќе стои во пасошот.

– Ќе ве потсетам, разумен компромис е разумен компромис и идентитетот е важен да се сочува, тоа беа ставовите на претседателот Иванов, на Никола Груевски долг период и апсолутно сега да не се правиме дека сега се случи сето тоа, знаеме се во Македонија и нечесно да се поставуваме сега вака, катастрофа, тоа е предавство. Предлогот за референдумско изјаснуваме по ова прашање е на опозицијата и треба да му дадат шанса на народот и референдумот.

– Без разлика дали референдумот ќе биде обврзувачки или консултативен, резултатот ќе биде задолжителен.

– Сериозно водиме на анкетите во државата, но изборите ја закочуваат економијата затоа чесно е политичките партии да истераат цел мандат.

– Пораснати се приходите од ДДВ, данок на добивка и персоналниот данок што е доказ за заживување на економијата. Странските инвестициите се пораснати и се на највисоко ниво од 2009 година.

– Покачени се субвенциите, платите пораснати, јавниот долг е намален и е стабилен.

– Има желби за окрупнуваање, „прелети“ во парламентарното мнозинство и тоа ќе го направиме ако мораме исклучиво за импичмент на претседателот

7 Коментари

  1. Juda se pravi aren. Drugite se nedovetni. Zaev e psihopat. Takvite se predstavuvaat ko nevini, ko normalni lugje a site drugi se im se krivi. Nikoj ne ni e kriv, koga ni Ivanov, ni najgolemata “Makedonska” partija, DPNE ne prezedoa merki za da go sprečat psihopatot. Sega?

  2. Сега многу едноставно. Ти Димитар ќе формираш политичка партија. Ќе излезеш на следните избори. Тие што мислат исто како тебе ќе гласаат за тебе. Ако добиеш повеќе гласови од Заев и ако можеш да направиш мнозинство во Собрание, ќе станеш ти премиер место Заев.

  3. Ti “Eden bez dvajca” si roden “Severnjak”, sušestvo bez identitet. Zatoa ne ti smeta zajakot…

  4. Во што е проблемот? Заев успеа да склучи договор со Грција. Заев ќе го понуди тој договор и Димитар ќе може да каже дали се согласува или не се согласува. Бидејќи Димитар е само еден од оние кои имаат право да одлучуваат, Заев нема да го слуша само Димитар, туку мнозинството. Ако мнозинството мисли како Димитар, ќе се исполни желбата на Димитар.

  5. Ako e taka, dobro, no zošto e cela kalakurnica? Tolku napor, pari, sila vložena za da “padne na referendum”? Malku naivno zvuči, neli?

  6. koj referendim…. se e nameshtaljka be eden-nizaeden! Od takvi maloumni kako tebe drzavata ja izgubivme i ke bidime drzava za ismejuvanje- narod koj doshol pred 2-3 veka na teritorija koja e iskonski Grchka…E NA TOA SE SLOZI VASHIOT LOPOV ZAEV!

Comments are closed.