Заев на Телма: Ако не влеземе во НАТО опциите се фрустрација и радикализам (3)

Во дебата на Телма премиерот најави дека доколу нема договор за името и не влеземе во НАТО земјава ќе се соочи со фрустрација, радикализам и квази патриотизам како што тоа се случило после самитот на НАТО во 2008 во Букурешт по што следел и режимот на ВМРО – ДПМНЕ.

Премиерот во налет на искреност изјави дека не сака ни да помисли што ќе се случи ако не станеме членка на НАТО. Се може да се случи затоа што ние сме мултиетнички регион а Балканот бил и ваков и онаков. Сега според него регионот е европски и не треба да ја испуштиме шансата, смета премиерот.

Заев избегна да одговори зошто ветувал дека нема да го смени уставо а сега го прави токму тоа и најави дека со решение за името ќе се зачувал идентитетот и јазикот.

Во тој контекст изјави дека нема да биде како досега спортските екипи да напуштаат средби затоа што биле понижени, сега според него тие ќе можат да бидат достоинствени и на дресовите да ја имаат Република Македонија

Не сака предвремени избори туку сака редовни избори заради економијата, за да може бизнисот да земе кредити и да ги спроведува проектите.

За него е логично опозицијата да бара избори веднаш а не по една година. Уверен е дека ако има сега избори ќе добие повеќе пратеници но земјата ќе изгубела 6-7 месеци. Затоа превидува изборите да се случат во 2020 не вели дека се е можно.

Во врска со разговорот со Ципрас вели дека утре може да има договор но може да се случи наредните денови повторно да има нова комуникација. За Ципрас смета дека искрено сака да се најде решение за името.

За лошите економски резултати очекува растот да дојде сега за сите да почувствуваат подобар живот од напорите што ги направила оваа влада.

Според него лошиот раст од БДП се должи на тоа што порано работеле само некои фирми а сега работат сите.

Никаквиот раст од 0 проценти се должи на тоа што има раст во сите сектори освен во нискоградбата која што е важна гранка. Тој е оптимист дека ќе биде стигнат предвидениот раст на БДП од 3,2 иако годинава започна со раст од 0,1 % и до крајот на годината ќе треба да се оди со мајмалку 4, 2 % квартално.

За неефикасната администрација рече дека за лошите менаџери тој држел предавања за „гантограми“ со сите други министри од економскиот сектор затоа што имало слабости во имплементација на проектите.

2 Коментари

Оставете Коментар