Заев на Телма: Договорот со Грција има дух, Иванов и мисли добро на Македонија (1)

За време на гостувањето на премиерот Заев на емисијата Топ тема на Ваша страна тој откри неколку информации за кои јавноста досега не знаеше

Зборувајќи за договорот со Грција премиерот откри дека всушност треба да бидат потпишани два договори. Вториот треба да биде „Договор за стратешко партнерство“.

Ваков договор Македонија има со САД беше потпишан во мај 2008 година откако не влеговме во НАТО токму поради Грција.

Заев вели дека договорот за името има дух кој не може да се стави во договорот ззтоа што не може се да се стави во договорот, но дека духот на договорот треба да се следи.

Премиерот вели дека очекува добра разврска на самитот на ЕУ на 28 јуни затоа што ќе бидат одземени сите аргументи на сите што не сакаат да одиме напред. Тој добил комплетни комплименти од францускиот претседате Макрон и холандскиот премиер Руте како претставници на две земји најголеми противници на проширувањето и датум за преговори за Македонија според Нон пејперот.

Премиерот признава дека партиите на власт немаат капацитет да одат сами на преговори за членство во ЕУ и затоа ќе бидат ангажирани сите други фактори како невладиниот сектор и академската заедница.

Во врска со единството во владата тој вели: „Моравмее да ручаме во Струмица кај мене на гости со Димитров за да испратиме порака дека сме единствени“.

Премиерот вели дека емиграцијата од земјата не сопира ниту со промена на власта и затоа сака да се влезе во НАТО за да може да се живее досотинствено во земјава.

Во врска со соработката со претседателот, Заев знае дека Иванов и мисли добро на државата и нема да дозволи грциај да не прати писмо до НАТО со кое ќе дозволи прием на земјата во алијансата.

Comments are closed.