Заев најави нов рок за името

Не можам да кажам дека имаме договор за прашањето за името, изјави денеска премиерот Зоран Заев по завршувањето на рочиштето за „Поткуп“.

– Се надевам дека ќе имаме договор. Успехот што досега го постигнаа министрите за надворешни работи е за почит. Се надевам дека токму на маргините на Самитот на ЕУ и Западен Балкан и на средбата што ќе ја имам со грчкиот премиер Ципрас ќе можеме да ги потврдиме досегашните успеси и ако не друго да проговориме за начините за изнаоѓање на решение, рече Заев.

Споррд премиерот Самитот во Софија не е „дед лајн“, туку пред се Самитот на Советот на ЕУ кога се ослучува од страна на премиерите или на претходниот состанок на Советот на ЕУ кога се очекуваат првите правно-формални одлуки кои се однесуваат на Македонија, а тоа е добивање датум за преговори.

– Самитот на НАТО Алијансата се одржува во јули, но тоа не е врзано за правното формализирање на одлуките за нашето членство во НАТО, заради тоа што со постигнување договор со Грција автоматски тргнува процесот на пристап кон НАТО. Тоа значи пред се разговори меѓу Владата и НАТО, а потоа веднаш и ратификација во Парламентот, рече Заев.

Тој најави дека при крајот на јули се очекуваат конечните датуми, кои посакува да бидат крај на решението, но секако не по која било цена.

– Не е крај на светот да се случи решение и во септември или октомври. Ова го зборувам од разумен аспект заради очекувањата на граѓаните и се надевам, дај Боже, на Самитот да имаме решение, смета Заев.

1 Коментар

Comments are closed.