Заев: Не баравме да се смени името на аеродромот ,,Македонија” во Солун

Македонија во преговорите со Грција се согласила со промена аеродромот Александар Велики во Скопје но не барала Грција да го смени името на аеродромот Македонија во Солун, изјави премиерот Заев во отворена програма на Телма посветена на референдумот во која учествуваат и вицепремиерите Шеќеринска и Османи.

Според Шеќеринска причина за тоа била самодовербата кај македонската страна за тоа која е и што е.

Според Заев гарантирањето на македонскиот идентитет е комплетно затворено со Преспанскиот договор.

“Дел од историјата ни е заедничка, факт е дека Стоби е кај нас, антиката била заедничка”, вели премиерот кој спомена дека украинскиот претседателот Порошенко му зборувал дека и украинците влечат врски со Александар Велики.

SHARE

Comments are closed.