Заев не може да ја скрие тактиката за битка со Мицкоски

Она што беше индиректно најавено во првиот дел од ТВ дуелот на МТВ меѓу премиерот Заев и лидерот на опозицијата станува јасна стратегија во политичката битка на СДСМ против Христијан Мицкоски.

Целта на Заев преку владините и партиските механизми и медиумите под своја контрола е да го прикажува Мицкоски како копија, вазал и марионета на Груевски и така да се обидува да му го намали рејтингот.

Откако на ТВ дуелот Заев во неколку наврати ја употреби оваа техника и го прикажа лидерот на опозицијата како политичар под контрола на друг политичар истото систематски го прави и неговата партија.

За само 12 часа СДСМ за време на протестот на опозицијата објави три соопштенија за јавност во кои се зборува во овој контекст.

Владеачката партија сеуште зборува за Груевски во обид да го прикаже Мицкоски како нерелевантен.

Во два од соопштенијата не случајно Мицкоски се споменува во пакет со Груевски.

Оваа тактика за поистоветување на Мицкоски и Груевски во кабинетот на Заев е прифатена откако ја промовирал тимот српски советници кои предходно пред неколку години истото се обиделе да го направат и во Србија.

Таму во период пред изборна битка со претседателот Вучиќ било советувано тој да се прикаже како марионета на неговиот прв партиски шеф Воислав Шешељ.

2 Коментари

Оставете Коментар