По  вчерашното обвинување од првиот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски дека фирма на брат на Зоран Заев била ангажирана во РЕК Битола, денес одговори премиерот кој предупреди дека за таквите правда ќе се бара пред судовите.

„Пред два месеци донесовме одлука да се продадат овие машини, зошто ако немаат право да се јават на тендер, тие фирми немаат право да работат и како подизведувач“ – изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот нагласи вели штетите од вакви прес-конференци кои се нанесувале на неговата фамилија се големи, а тоа ќе се регулира преку судовите, пренесе НОВА ТВ.

Камионите на Вице Заев, братот на Зоран Заев, возат за РЕК Битола, обвини во видео обраќање вчера претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера.

Според директорот на РЕК Битола, Ковачевски, фирмите СВ Инвест од Битола и Тотал инженеринг од Струмица, не работеле, ниту во моментов работат како подизведувачи на ископ и транспорт на јаглен во РЕК Битола.

 

Оставете Коментар