Заев од Пелинце го повика народот на референдум (ВИДЕО)

Loading...

Ве повикувам да кажете со гордост „ДА“ за да ги зграбиме можностите кои ги нуди ЕУ. Да кажеме „Да“ за НАТО, за признаен и потврден македонски идентитет, јазик и култура

„Договорот што го постигнавме е историски гледано најдобрата и фер шанса, влог во македонската иднина кој го расчисти патот на нашата земја за влез во ЕУ и НАТО. Стануваме членки, со договорот носиме подобар живот за сите граѓани и го чуваме богатото културно наследство. Ќе стоиме гордо под нашиот јарбол. Со договорот химна, грбот и знамето остануваат засекогаш. Договорот го потврди и заштити македонскиот идентитет. Договорот го гарантира правото да се определуваме како Македонци, нема повеќе оспорувања“,  рече премиерот Заев.

Премиерот ги повика граѓаните да се обединат.

„Мој народе ова се причини за патриотизам. Патриот си кога се грижиш за она што доаѓа утре. Овој договор е патриотиски, резултат е на таа грижа. Патриот си ако го сакаш најдоброто за својата земја. Најтешко е да си го гледаш народот поделен. Да ги запреме поделбите внатре, со соседите и на поделбите со европското семејство. Илинден АСНОМ се за заедништво, а не за поделби. На граѓаните им е доста од поделби. Време е за храброст. Храбри сме и знаеме во секој граѓани во Македонија има по еден партизан и по еден комита. Заедно ја напишавме нашата историја, заедно ќе ја градиме нашата вековна иднина, рече премиерот Заев на прославата во Пелинце, пренесе НОВА ТВ.

По завршувањето на чествувањето во Пелинце, премиерот Заев попладне ќе ја одбележи 115-годишнината од илинденското востание и во Благоевград, Бугарија, заедно со бугарскиот премиер Бојко Борисов, придружени од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а од бугарска страна – министерот за одбрана Красимир Каракачанов.

 

Оставете Коментар