Заев од свој џеб го платил бројчаникот на Порта „Македонија“

Премиерот Зоран Заев лично го плати бројчаникот поставен ноќеска на Порта „Македонија“, на кој наскоро ќе се објавуваат парите вратени во државниот буџет од судските процеси против членови на претходната власта, извести портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

Заев, како граѓанин на Република Македонија, доставил барање за согласност за поставување електронски екран и самиот го платил, почитувајќи ги сите процедури, објасни Бошњаковски во одговорот на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Владата.

„Се разбира дека имало постапка, процедура и документацијата е комплетна од доставувањето на барањето, преку одобрувањето до поставувањето. Како што е веќе информирана јавноста, ќе бидат објавувани финансиските средства кои ќе бидат враќани во Буџетот на Република Македонија од судските процеси кои се во тек“, изјави владиниот гласноговорник.

Бројчаникот на Порта „Македонија“ е остварување на предизборното ветување од Заев од ноември 2016 година на партискиот митинг во скопската општина Аеродром.

 

1 Коментар

  1. Пројект со бесрамен капитулантски „Преспанскиот договор” МОРА ДА ПРОПАДНЕ, ако сакаме Македонија да има иднина!
    „Преспанскиот договор” е најсрамен акт кој е потпишан од Македонските власти и претставува најголем срам за нашата татковина!
    „Преспанскиот договор” е најсрамен акт во историјата на меѓународните односи и со него е изразен степен на предавство и бруталност кон сопствениот народ!

Оставете Коментар