„Ако граѓаните заклучат дека прашањето им е тешко, дека не се доволно информирани, може да одлучат и да останат дома, без разлика на политичките разлики. Но, ова овојпат не е дозволиво“ изјави денеска премиерот Зоран Заев кој ги повика граѓаните да излезат и да гласаат на референдумот за договорот со Грција закажан на 30 септември.

Премиерот вели дека доколку на референдумот не биде постигнат цензус, институциите ќе го имаат последниот збор да одлучуваат, пренесува 24 вести.

„Во таков случај тие (граѓаните) ја пренесуваат одлуката на институциите, затоа што со сите правници, со сите релевантни фактори во државата, со сите што го толкуваат и Уставот и законите, тоа значи така.

Опција има да се гласа за или против, но опција дали да излеземе или не, нема. Треба да излеземе ако сме вистински патриоти“ – изјави премиерот Зоран Заев.

За успешен референдум потребно е да гласаат 910 000 граѓани.

 

SHARE

Comments are closed.