„Денеска стигнавме сите заедно но една од најважните темелни одредници на патот до целосно остварување на нашите стратешки цели: Денеска сме чекор поблиску е ЕУ и до достигнување на економските стандарди на Европската унија за сите граѓани на нашата земја.

Европската комисија предложи кристално чиста безусловна препорака за Република Македонија“, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција.

Тоа според премиерот значи дека политичката криза е зад нас и дека ЕУ со внимание  и со почит ги следи реформските и политичките процеси кај нас и дека сме влезени во сериозни реформски процеси како и секоја друга функционална демократска држава.

„И еве соодветниот одговор стигна денес. Комисијата ни оддаде признание и потврди дека сме на вистинскиот пат и ја отвори вратата за европска Македонија.

Целата прес конференција на премиерот Зоран Заев: