Заев пак го прозва Иванов за Законот за јазиците

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека на неколку средби се обидел да го мотивира шефот на државата да го потпише Законот за јазиците кој беше изгласан во парламентот, но без потпис на Ѓорѓе Иванов не може да биде објавен во „Службен лист“.

„Тоа испраќа порака дека претседателот може да  одлучи кога сака и (на) кој закон сака да го стави таканареченото џебно вето. Тоа не е функционална демократија. Одговорноста е преголема“, рече премиерот одговарајќи на новинарско прашање.

Според Заев, треба да се повикаат надлежните институции како што е Уставниот суд, но и законот да биде испратен до Венецијанската комисија.

„Уставниот суд кажува што е уставно, а што не е. И ако има нешто проблематично може да се промени“, рече Заев и додаде дека доколку со некои закони се зголемуваат одредени права полесно ќе може да се влезе во најавуваниот процес за почеток на преговорите со ЕУ.

2 Коментари

Оставете Коментар