Заев: По Самитот на НАТО ќе договориме с’е околу референдумот  

Во изјавa  за атинската АНА-МПА на состанокот ЕУ-Западен Балкан во Лондон, македонскиот премер Зоран Заев изјави дека многу бргу ќе бидат утврдени датумот за референдумот за договорот за името и прашањето околу кое ќе треба да се изјаснат граѓаните во Македонија.

„По самитот на НАТО, ќе имаме состанок во парламентот на сите политички партии да го дефинираме датумот за референдумот, деталите околу прашањето за референдумот и карактерот на референдумот, кој веројатно ќе се одржи на крајот на септември или на почетокот на октомври“.

Заев изјави дека можните датуми за одржување на референдумот се на 23 или 30 или 7 октомври, што е доволно време за финализирање на процесот на договарање до крајот на оваа година.

Тој истакна дека за промената на уставот ќе треба извесен временски период.  „Ќе бидат потребни околу 90 до 110 дена”, рече тој.

До 15 јануари, ако процесот е успешен, „ќе остане на грчкиот парламент да гласа за ратификација на овој договор, но исто така и да ја потврди ратификацијата на протоколот за нашето идно членство во НАТО“, рекол Заев како што доцна синоќа пренесе агенцијата.

Заев уште рече дека тој и премиерот Алексис Ципрас избрале решенија кои ќе ги задоволат граѓаните на двете земји, а не нив самите или политичките партии.

4 Коментари

    • На крај СДС ќе предизвикаат војна и народот ќе им пресуди и на Заев и другите од мафијата на СДСМ.

  1. На крај СДСМ ќе мора да се искорени ! СДСМ е болест од која Македонија треба да се излечи!

Comments are closed.