Заев прифати ТВ дуел со Мицкоски

Loading...

Премиерот ја прифати „фрлената ракавица“’ по поканата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за телевизиски дуел.

„Премиерот Зоран Заев е подготвен за ТВ дуел во секое време со Христијан Мицкоски, бидејќи основа на демократијата е отвореноста и подготвеноста да се соочиш со политичките опоненти, изјави за МИА портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски кој потенцирал дека „отвореноста е еден од основните принципи според кои работи претседателот на владата која постојано комуницира со јавноста „на отворен и двонасочен начин, преку одговори и прашања, но и дебати и дуели“.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски по синоќешната седница на Централниот комитет го повика премиерот Заев да се соочат пред ТВ екраните и да дискутираат за актуелната политичка и економска ситуција.

1 Коментар

  1. Проблематиката за името и за едниот и за другиот е ВИША МАТЕМАТИКА. Х. Мицкоски стигна само до основната алгебра, а З. Заев е се уште во основното училиште (прво или максимум второ одделение) и треба да се научи на елементи на четирите основни математички операции, за да може да разбере елементите на вовед во најосновната аритметика. Со други зборови, и двајца ништо не знаат за и околу тнр. „спорот” со ИМЕТО.

Comments are closed.