Заев: Промена на устав само ако е „Илинденска“

„Зборуваме за пакет, а не за поединечни делови. Не може да се очекува уставна промена во Македонија за било кое решение, затоа ние прифативме уставна промена, затоа што е решение кое не не понижува. Ќе го сочуваме нашето достоинство, а притоа идентитетските прашања се фиксирани, а притоа ги исполнуваме и нивните услови“, изјави премиерот Зоран Заев што може да се протолкува и какопорака до грчкиот колега Алексис Ципрас.

Грчкиот премиер ја поздрави подготвеноста на македонската страна за прифаќање уставни измени и ерга омнес, име за надворешна и за внатрешна употреба, но го отфрли предлогот „Република Илинденска Македонија“.

„Република Илинденска Македонија е име кое не го загрозува, туку напротив го зајакнува идентитетот на Македонија, а на Грција и дава сложено име со временска одредница“ рече Заев и појасни дека „пакетот не може да се дели“.