Премиерот Зоран Заев разговарал со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски околу бегството на екс-премиерот Никола Груевски и во тој контекст се отворило и прашањето за моралната одговорност.

Во интервју за „Дојче веле“, Заев меѓу другото изјави:

„Оливер Спасовски разговараше за тоа со мене.

Бидејќи тој го направи тој чекор, разговараше со мене. Како колега во Владата и мој долгогодишен соработник, секогаш сме разговарале што со моралниот чин во вакви околности. Бидејќи, ако има морална одговорност, треба да има аргументација за тоа, да се објасни, да се лоцира каде е моралниот хазард, проблем, пропуст…

Јас не гледам таков пропуст. Но, ако се покаже дека имало одговорност – јас ќе барам таа да биде конкретно понесена“, изјави македонскиот премиер за „Дојче веле“.

SHARE

Оставете Коментар