Заев рече „не“ на сите барања на ВМРО-ДПМНЕ

„Апсолутно не се прифатливи. Ниту има причина, ниту има потреба да се дискутира за вакви работи. Да се бара комисија која што треба да провери дали бил законски референдумот, дали имало законитост во неговото спроведување или слично во услови кога претседател на ДИК е од ВМРО-ДПМНЕ…или Управниот суд во кој нема сменето ниту еден член, само по себе кажува што всушност се сака со ваквите барања да се постигне“, изјаву денеска во Охрид, премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев одговарајќи на барањата кои вчера до власта ги упати ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот рече дека не посакува предвремени избори кои ги најави ноќта по референдумот на 30 септември.

Тој рече дека сега фокусот е ставен да се обезбеди двотретинско мнозинство во парламементот, а доколку тоа не се случи, ќе ги најави следните чекори.

Заев ја отфрли можноста да разговара со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

По синоќешната седница на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ на која беше оценето дека референдумот не успеал, потпретседателот Александар Николовски ги прочита барањата за предвремени избори…

ВМРО-ДПМНЕ не го признава референдумот – на избори само со техничка влада (ВИДЕО)

Оставете Коментар