Заев ретерира: Средбата со Ципрас во Софија не е таа што ја очекувавме!

Откако изјави дека кога „кога ќе биде закажана средба со Ципрас тоа ќе значи дека сме блиску до решение“, премиерот Зоран Заев, денеска ги спушти очекувањата од средбата на маргинините на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија со грчкиот колега, Алексис Ципрас.
„Средбата на 17 мај со грчкиот премиер Алексис Ципрас не е од оние закажаните што ги чекавме. Средбата е на маргините на Самитот на ЕУ и јас се’ уште немам точен термин кога би била средбата. Целта е да направиме рекапитулар на тоа што досега е разговарано, да го потврдиме и да знаеме дека сме го завршиле, а истовремено да им дадеме и насоки и на министрите“, вели македонскиот премиер како што пренесе Нова ТВ. 
Македонскиот премиер, сега вели дека треба „да има некакво решение затоа што, како што рече тој, би можело да бидеме креативни и посветени и јас би сакал некаде пред Самитот на Советот на Европа, а потоа и Европскиот совет, тоа е 25, 26, па 28 и 29 јуни, да се носат одлуките за добивање датум за преговори или не“, пренесе НОВА.тв
„Јас верувам дека дотогаш треба да имаме некое решение, па дури треба да знаеме дека, и да има приближување на она што е останато, во Грција и Македонија мора да направиме внатрешен процес на консултации. Затоа што, процесот, ако е тоа можно, да биде поддржан од сите, изјавил премиерот Заев.

1 Коментар

Comments are closed.